Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани, по суви и чисти коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, но на граничните премини нема подолги задржувања од 30 минути.

-Од 01.07 до 31.08. тешките товарни возила со над 7.5 тона вкупна маса, имаат забрана за движење на патот Гостивар – Охрид – Струга секој петок од 15-24 часот и секоја сабота и недела од 7-24 часот. Ова ограничување не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока. Посебна внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово, каде е можна појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите, стои во последното соопштение на АМСМ.

Во него се препорачува на сите возачи кои планираат да тргнат на подолг пат, тоа да го сторат во раните утрински или доцните попладневни часови, за да ги избегнат високите температури во текот на денот.

OhridNews