Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата вo февруари 2012 година, во однос на февруари 2011 година, зголемен за 1,6 %.

Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во февруари 2012, во однос на февруари  2011 година, бележи опаѓање од 3,9%, а индексот на прометот остварен на странските пазари бележи пораст  од 5,5%. Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2012 година, во однос на февруари 2011 година, бележи опаѓање од 13,2%, а во секторот Преработувачка индустрија  бележи пораст од 2,4%.

Според главните индустриски групи, прометот во февруари 2012 година, во однос на февруари 2011 година, бележи пораст кај Енергија за 13,6%, Трајни производи за широка потрошувачка за 5,5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 17%.

Индексот на прометот во индустријата во февруари 2012 година, во однос на јануари 2012 година, изнесува 99,2, додека во периодот јануари-февруари 2012 година, во однос на периодот јануари-февруари 2011 година, изнесува 104,2.

OhridNews