Според најновите информации од Авто-мото сојузот на Македонија, денес, на граничните премини Табановце и Богородица, од македонска страна, има зголемена фрекфенција на возила. На останатите гранични премини нема поголеми задржувања за влез и за излез од државата.
Инаку, сообраќајот низ државата се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
OhridNews