Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, a на граничниот премин Богородица возилата чекаат 30 минути. На останатите граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата, информираат од АМСМ.
Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози.
Од АМСМ препорачуваат внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, како што се патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
OhridNews