ЈП за комунална дејност “Дебрца” на почетокот на 2014 година, бележи зголемувањето на наплатата на сметките за комунални услуги за 10% во однос на истиот период лани.

– Зголемената наплата од потрошувачите пред се се должи на подобрувањето на услугата, зголемената доверба од потрошувачите, набавката на нови контејнери како и од ангажраноста и посветеноста на целиот персонал на ЈПК “Дебрца”. – соопшти јавното претпријатие.

Оттаму ги повикуваат нередовните плаќачи да го подмират долгот, а тоа можат да го направат и на рати. Во спротивно јавното претпријатие ќе биде приморано да презема непопуларни мерки за присилна наплата на потрошената вода и депонираниот отпад, стои во соопштението.

Од ЈП „Дебрца“ уште информираат дека во наредниот период се планираат акции за чистење на речните корита, и канали, чистење на диви депонии и други активности, се со цел подобрување на условите за живеење во Општина Дебарца. 

OhridNews