Од локалната самоуправа изразуваат задоволство од остварените приходи од наплатата на туристичката такса. Потенцираат дека приходите остварени врз оваа основа во буџетот на Општина Охрид континуирано растат.
- Секторот за туризам и ЛЕР врз основа на извршените анализи, утврди дека вкупната наплата на туристичка такса за 2018 година од физичките лица кои вршат угостителска дејност од мал обем и хотели е зголемена за 14% во однос на 2017 година, велат од локалната самоуправа.
Во Општина Охрид наплатата на туристичката такса од физичките лица кои вршат угостителска дејност од мал обем и хотели за 2018 година изнесува 21.236.895 денари, додека наплатата на туристичката такса од физичките лица кои вршат угостителска дејност од мал обем и хотели за 2017 година изнесува 18.562.808 денари.
OhridNews