Најавениот топлотен бран деновиве, ќе ја зголеми опасноста од појава на пожари на отворено.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство апелира грашаните внимателно да се движат во шумите и секоја евентуална појава да ја пријават на бесплатниот телефонски број 195 на ЦУК и во противпожарните станици, во единиците на локалната самоуправа, полицијата и во Дирекцијата за заштита и спасување.

Согласно Законот за шуми, казната за физичките лица кои нема да ја почитуваат забраната, односно кои ќе се затекнат како се движат во шума без дадено одобрение од страна на корисникот на шумите, се движи од 2.000 до 3.000 евра, додека за правните лица кои не преземале мерки за заштита на шумите од пожари изнесува од 15 до 20 илјади евра, предупредува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

OhridNews