Цените на угостителските услуги во септември 2025 година не бележат промени во однос на претходниот месец, но се зголемени за 4.7 % споредбено со месец септември 2024 година.
Цените на угостителските услуги во периодот јануари – септември 2025 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 5.2%, додека во однос на декември 2024 година зголемувањето е 1.9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Цените во угостителството, по групи во септември 2025 година, во однос на август 2025 година, се зголемени кај групата Безалкохолни пијалаци за 0.1 %, додека кај групите Храна, Алкохолни пијалаци и Ноќевања не се забележани промени.
OhridNews