Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во февруари 2014 година изнесува 2.379.809 илјади денари што претставува зголемување за 28,4% во споредба со февруари 2013 година.
Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 77,3%, а продажбата од сопствено производство на претпријатијата е намалена за 22,2%.
Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај житата, индустриските растенија, млекото и рибата, додека опаѓање на вредноста се забележува кај градинарските и фуражните растенија, овошјето, алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата и млечните производи.
OhridNews