Трошоците на живот изразени преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во ноември во однос на октомври годинава се повисоки за 0,6 проценти, а во однос на ноември лани за 3,5 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во ноември во однос на октомври пораст на трошоците е забележан во групите: „храна и безалкохолни пијалаци“ за 1,4 проценти, „облека и обувки“ за 1,2 проценти, „домување, вода, електрика, гас и др. горива“ за 0,7 проценти, „ресторани и хотели“ за 0,4 проценти, „останати стоки и услуги“ за 0,2 проценти, „алкохолни пијалаци, тутун и мебел, покуќнина и одржување на покуќнина“ за 0,1 процент.

Намалување на трошоците на живот е забележано во групите „рекреација и култура“ за 2,1 процент, „комуникации“ за 1,4 проценти, „транспорт“ за 0,6 проценти и „здравје“ за 0,1 процент.

OhridNews