Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во септември 2012, во однос на август 2012, пораст на индексите е забележан во групите: Образование за 10.1%, Транспорт за 2.7%, Храна и безалкохолни пијалаци за 2.3%, Облека и обувки за 1.0%, Останати стоки и услуги за 0.8%, Комуникации за 0.4%, Здравје за 0.3%, Домување, вода, електрика, гас и др. горива и Ресторани и хотели за 0.1%.
Намалување на индексот на трошоците на животот е забележано во групите: Рекреација и култура за 1.1% и Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0.3%.
На ниво од претходниот месец остана индексот на групата Алкохолни пијалаци, тутун.