Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2012, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0.9% на месечно ниво и за 3.6% на годишно ниво.
Во август 2012, во споредба со јули 2012, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Енергија за 2.6%, во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 1.0% и во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.9%.
Во август 2012, во споредба со август 2011, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Енергија за 8.5%, во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 5.6% и во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.3%.