Од денеска се зголемуваат цените на патарините на автопатите во земјава.

На патарините на делницата Скопје – Тетово се наплаќа 40 денари, а Тетово – Гостивар 30 денари.

Од Скопје до Петровец, наместо 30 денари, цената сега изнесува 40, а од Петровец до Велес и обратно, патарината е зголемена на 80 денари.

Инаку, цените се утврдени и објавени во Службен весник на Република Македонија.

OhridNews