Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2020 година, во споредба со јануари 2020 година, е зголемен за 0.2 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.4 %, Алкохолни пијалаци за 0.7 % и Безалкохолни пијалаци за 0.3 %, додека во групата Ноќевања е забележано намалување за 0.4 %.

Индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2020 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.1 %.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари − февруари 2020 година, во однос на истиот период од минатата година, остана на исто ниво, додека во однос на декември 2019 година е зголемен за 0.1 %.

OhridNews