Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен со цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во февруари 2013, во однос на јануари 2013, е поголем за 0,2%, а во однос на февруари 2012 за 3,5%.
Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во февруари 2013, во однос на јануари 2013, пораст на индексите е забележан во групите: Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина и Транспорт за 1.1%, Ресторани и хотели за 0.4%, Храна и безалкохолни пијалаци и Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.3%, Здравје и Образование за 0.1%.
Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано во групите: Комуникации за 2.1%, Рекреација и култура за 1.6%, Алкохолни пијалаци, тутун и Облека и обувки за 0.1%.
На ниво од претходниот месец остана индексот на групата Останати стоки и услуги.












