Во знак на поддршка на лицата со аутизам, а по повод Светскиот ден на свесноста за аутизмот – 2 Април, синоќа во сина боја беше осветлена зградата на Општина Охрид.

Втори април се одбележува како светски ден од 2008 година. Воведен е со одлука на Генералното собрание на ОН, а Македонија се вклучи во одбележувањето од 2010 година. Датумот 2 Април е избран во 2007 година од страна на Генералното Собрание на Обединетите Нации, со цел да се сврти светското внимание кон аутизмот како растечки глобален здравствен проблем.

Меѓу проблеми се и немањето адекватни центри за дијагностика и рехабилитација, но и Национален регистар, како и спроведување одредени методи кои се покажале доста корисни во светот.
Н.С.Ј.











