Неколку згради во населбата Далјан се под вода, по обилните врнежи од дожд и снег што викендов го зафатија Охрид.
Поплавени се влезови, подруми, гаражи и станбен простор во приземните делови.
Жителите се револтирани бидејќи никој не дошол да им помогне. Според нив проблемот се должи на нефункционалниот колектор кој нема капацитет да ги прими надојдените води.
Граѓаните сами се борат со поплавата и се надеваат дека со престанокот на врнежите водата ќе се повлече.
OhridNews














