Распоредот на летови на аеродромите во Охрид и Скопје, говори дека ден пред и за време на локалните избори, ќе биде зголемен бројот на авиони кои ќе слетаат од Шавајцарија.

Според распоредот, во сабота и недела покрај редовните три авиони од Швајцарија, на охридскиот аеродром ќе слетаат дополнтелни шест со чартер линии.

Како што соопштуваат од агенцијата „Њу момент“ задолжена за односи со јавноста на „Тав холдинг“, не се исклучува можноста за ненајавени промени на летовите.

Со ова, се потврдува дека полтичките партии вложуваат во гласовите од дијаспората, а во изборната кампања на неколку наврати политичарите ги повикааа „гастербајтерите“ од странство масовно да дојдат на 24-ти март во земјава.

OhridNews