Претседателот на Република Македонија, д-р
Ѓорге Иванов, денеска оствари средба со Претседателот на Меѓународната
федерација за автомобилизам (ФИА) и поранешен Генерален директор на
италијанската компанија за производство на автомобили – Ферари, г-дин
Жан Тод.

Жан Тод доаѓа во посета на Република
Македонија по повод приемот на Автомобилистичката федерација на
Македонија (АФМ) за член на ФИА, под уставното име. За утрешниот ден најавена е средба со минисерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

“фото Миа“
Ohridnews