По подолго време францускиот фудбал има два свои преставници во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони. Пари Сент Жермен и Монако пласман во 1/4 финалето обезбедија елиминирајќи ги премиерлигашите Челси односно Арсенал.


– Искрено, уживам во овие моменти бидејќи Арсен Венгер не покажа никакво почитување спрема мене и мојот клуб. По првиот натпревар отидов спортски да се поздравам, но тој не ме сочека и замина во соблекувалните. – рече тренерот на Монако, Леонардо Жардим.

Францускиот стручњак Арсен Венгер им го честиташе пласманот во четвртфиналите на „кнезовите“.

– Сосема заслужено се таму каде што и ние посакувавме да бидиме. Ни ги казнија сите наши грешки на домашен терен, а не направија толку за ние да постигнеме три голови. – потенцираше Венгер.

Мх.П.