Потребна е поголема посветеност на властите кои треба да вложат напор да се исполнат барањата на УНЕСКО за заштите на светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, но засега не гледаме резултати, истакна амбасадорот на ЕУ во земјата Самуел Жбогар при денешната посета на Општина Дебрца.
Секогаш верувам дека е подобро сами да се справите со проблемите. Секако со нив треба да се соочите сериозно. Остануваат триесет недели до 1 февруари до кога треба да се видат резултати околу заштитата на светското наследство во Охридскиот регион. Рокот почна да тече на 4 јули кога УНЕСКО ја донесе одлуката за Охрид, оттогаш поминаа две недели, но се уште не гледаме резултати. – рече Жбогар.

Сега е моментот кога треба да видиме вистинска соработка помеѓу институциите на национално и центранло ниво, владата, парламентот, локалните самуправи, да се најдат начини за справување со проблемот. Потребна ни е нова енергија за да реши овој проблем. – изјави Жбогар.
Запрашан за актуелните случувања околу СЈО, Жбогар истакна дека тоа не треба да влијае на европерспективите на земјата, а преземањата на Јавното обвинителство се во функција на владеење на правото.
Самиот факт што ЈО почнува да работи на случаи на корупција, не само специјалното, покажува дека има напредок и дека тоа е добро. – рече Жбогар.
Тој истакна дека СЈО покажа големи резултати во борбата против криминалот и корупцијата изминатите години и дека таму работат извонредни правници и истражувачи. Жбогар изрази надеж дека политичките лидери на средбата закажана за утре ќе изнајдат решение како да продолжи работата на специјалното обвинителств во рамки на јавното обвинителство.
Г.М.












