Постои голем сомнеж дека вчерашната ждребка во Лигата на Шампиони била наместена. Како што пишува италијанскиот www.gazzetta.it на форум сајтот “Ливепрул ехо“ во 10.28 минути се појавил пост со наслов: “Possible leak of draw“. На постот, членот на форумот кој се потпишува со “confused“ напоменува дека паровите за ¼ финалето ќе бидат Ливерпул – Арсенал, Челси-Фенербaхче и Манчестер – Рома. Веднаш по објавувањето на постот, збудалеле обложувалниците во Англија, а поради се` поголемите облози на овие парови , букмејкерите еден час потоа прекинале да примаат уплата. Коефицентот за погодување на точните парови бил 191/1.
Руската легенда Ринат Дасаев беше “задолжен“ за влечење на паровите
Во одбрана на системот застана потпаролот на Уефа кој за Англиcкиот “Мирор“ вели дека нема можност да се намести ждребот.
– Сето тоа беше направено пред очите на милиони гледачи и пред сопствениците на клубовите. Бев присутен на ждребот и целата работа се случуваше пред моите очи со максимална внимателност.Стварно ми е нејасно како ова се случува.










