Словачкиот репрезентативец Мартин Шкртел беше центарлна фигура на дербито на „Енфилд“ меѓу Ливерпул и Арсенак кое заврши без победник 2-2.
Дефанзивецот заработи потешка повреда на главата по дуелот со Оливие Жиру, но и покрај тоа тој продолжи да игра.
Во шестата минута од судиското продолжение токму Шкртел погоди за реми и ги спаси „црвените“ од пораз пред своите гледачи.
По завршување на мечот раната на главата од Шкртел беше санирана со неколки конци, но тој уште еднап покажа дека се работи за беспрекорен фудбалер.
Мх.П.