Ивана Тулевска, ученичка во 4 одделение во ОУ „Климент Охридски“, на Државниот натпревар по природни науки кој се оддржа на 28 мај во просториите на ПМФ во Скопје, во силна конкуренција од цела Македонија освои втора награда.

Иако е на почеток од своето образование, Ивана покажува голем интерес за природните науки и покрај изучување на наставната програма, во слободното време го надоградува своето знаење и со дополнителни образовни содржини.

Нејзината посветеност и амбиција, помогнати од менторите на ОУ „Климент Охридски“, како и вклученоста во Бреинобреин програмата, која игра голема улога во развивање на животните вештини, ја доведоа Ивана до нејзиниот голем успех на првиот државен натпревар на кој може да учествува соодветно на својата возраст.

Ивана продолжува и понатаму да чекори во светот на знаењето и науката и да не прави горди што е дете од нашиот град.

OhridNews