Менаџерот на Челси, Антонио Конте се наоѓа под голем притисок за слабите резултати на екипата, а нов проблем за италијанскиот стручњак е желбата за трансфер на голманот Тибо Куртоа.

Репрезентативецот на Белгија посакува трансфер во Реал Мадрид, кој веројатно ќе започне со реновирање на тимот после очајните резултати во Ла лига сезонава.

– Нема да го одбијам Реал Мадрид ако испрати понуда до мене. Мадрид како град ми го освои срцето уште кога ги бранев боите на Атлетико Мадрид, затоа веднаш ќе прифатам да се вратам назад. – изјави Куртоа.

25-годишниот голман во Челси од Атлетико Мадрид се пресели во 2014 година, а претходно три години во дресот на „јорганџии“ настапуваше како позајмен од англискиот премиерлигаш кој го купи од Генк 2011 година.

OhridNews