Според сознанијата на полициските службеници, левото крило од портата од ковано железо, деновиве, поради оштетувања на металните држачи наменски било отстрането од неколку градежни работници кои во комплексот Горица изведуваат градежни работи. Отстранувањето е изведено со претходно информирање на нивните претпоставени. Во моментов, левото крило од портата од ковано железо се наоѓа во кругот на магацинскиот простор од поранешниот авто-сервис на „Инекс-Горица“.
Во интерес на објективното информирање на граѓаните, од СВР напоменуваат дека портата не е предмет на кражба, ниту ќе заврши на пункт за откуп на старо железо, како што вчера беше објавено во дел од медиумите.