Булеварот „Железничка“, позната како северна обиколница и по бројните изборни и какви уште не ветувања се уште не е изграден. По повеќе пролонгирања на работите заради нерешени имотно правни прашања и изградба на канализационата мрежа, механизацијата се врати на градилиштето каде секојдневно илјадници возила минуваат по неизградената траса.


Изградбата на северната обиколница е од исклучително значење за Охрид, што ќе придонесе за растоварување на сообраќајот, особено во туристичкиот шпиц кога бројот на возила неколкукратно се зголемува.

OhridNews