Жељко Јоксимовиќ преку својата фан страна на Facebook денеска им се заблагодари на сите Македонци за љубезноста и гостопримството што му ја искажаа за големиот христијански празник Богојавление – Водици.
-Сакам да им се заблагодарам на сите Македонци за посебно искажаната чест што ме поканија да им бидам Кум за свеченоста Богојавление – Водици во Охрид, исто така им се заблагодарувам и за големото гостопримство и љубезноста што ја покажаа кон мене. Се гледаме наскоро, напиша Јоксимовиќ.
OhridNews












