На 27.11.2026 во 15:40 часот во СВР Охрид, 19-годишна жена од охридско пријави дека во домот на нејзиниот невенчан сопруг во Охрид била физички нападната од него, неговата мајка и неговиот татко, информираат од СВР Охрид.

Посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

OhridNews