Денес, во 7.40 часот се случила сообраќајна незгода на магистралниот пат А2, Кичево–Гостивар, во близина на селото Трапчин Дол, во која учествувало патничко возило Форд мондео со италијански регистарски ознаки управувано од 54-годишно лице. Движејќи се по магистралниот пат во правец од Гостивар кон Кичево, на критичното место, возачот изгубил контрола врз возилото, кое излегло десно надвор од коловозот и со предниот дел удрил во бетонски мост.
Од здобиените повреди починала 54-годишна жена од струшкото село Октиси, додека возачот и уште едно лице кое се наоѓало во возилото, двете од Октиси, се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.
На местото на сообраќајната незгода извршен е увид од страна на Јавен обвинител и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Кичево.
OhridNews












