Една жена е повредена во тешка сообраќајна несреќа која се случила утрово кај струшкото село Велешта. Според првичните информации, возилото кое излетало од коловозот го управувала жената.
Повредената е пренесена во Општата болница во Охрид, по што е испратена на лекување во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршила екипа при струшката полиција.
OhridNews