
Таа веднаш била пренесена во охридската општа болница и според последните информации е надвор од животна опасност.
Случајот е регистриран во охридската полиција, која најави дека кога ќе се создадат услови ќе биде извршен разговор со жената за причините кои ја натерале да посегне по сопствениот живот.
Ова е втор ваков случај за краток временски период во Охрид. На почетокот на март во близина на месноста Лабино жена се обиде да си го одземе животот исто така скокајќи во езерото, а животот и го спасија три момчиња, случајни минувачи.












