Четириесет и четири годишна охриѓанка го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа нма булеварот „Туристичка“, на кружниот тек кај „Мини маркет“. Во нереќата со тешки телесни повреди се здобил нејзиниот партнер.
Во нашата болница ноќеска беа примени двајца пациенти, настрадани во сообраќајна несреќа. Лекарите констатираа смрт кај 44-годишна жена од Охрид, а мажот кој во моментот на незгодата бил со неа има тешки телесни повреди. На негово инсистирање тој утрово самоволно ја напуштил болницата, изјави телефонски за Охридњуз директорт на Специјализираната болница Св. Еразмо, д-р Харалампие Шокаровски.
Тие се движеле пеш во зоната за пешаци на булеварот кога, од засега непознати причини, патнички автомобил со голема брзина изгубил контрола, поминал преку кружниот тек, ја пробил заштитната ограда и излетал од коловозот на спротивната страна од „Туристичка“. Во незгодата возачот кој имал привремен престој во Охрид, се здобил со телесни повреди.
Во тек е опсежна истрага во рамки на која се вршат и медицински тестови, за расветлување на случајот и причините кои довеле до трагедијата.
Г.М.