Во куќа на улицата „Манастирска“ во село Велгошти, во периодот од 22.00 часот на 7-ми јануари до 01.00 часот на 8-ми јануари, непознат маскиран сторител извршил разбојничка кражба. Сторителот со подесен алат влегол во куќата и во моментот кога бил во спалната соба бил затекнат од сопственичката.

Во тој момент сторителот ја нападнал сопственичката, при што ја влечел за коса и и упатувал  закани. Откако успел да стави неколку предмети во џебовите побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

OhridNews