По повод 8- ми март, Меѓународниот ден на жената, во среда,  во организација на Интернационалниот клуб Сороптимист Струга и Струшките вечери на поезијата, ќе се одржи дебата на тема „Жената- книжевник“.

Модератор на дебатата ќе биде Мите Стефоски, а учесници Еди Ќела, Никола Кукунеш и Мерсиха Исмајлоска.

Дебатата ќе се одржи со почеток во 18 часот во Спомен домот на браќата Миладиновци  во Струга.