Жени уметници од Охрид се претставија на изложба која се одржа во Благоевград, во рамки на четиридневната посета на членовите од ЖЦ „Бисера“ на Бугарија, каде остварија средба со женското здружение „Искрити“.

–    Освен прекрасната изложба на која покажавме дека жената може да е успешна во сите сфери на општесвеното живеење, нашите членови имаа можност да ги разгледаат убавините и знаменитостите на Благоевград и околните места- Сандански, Банско, Петрич, велат од „Бисера“.

Оттаму, потенцираат дека соработката со ,, Искрити“, од Благоевград продолжува и дека ги очекуваат членовите на бугарското здружение, наредната година да го посетат Охрид.

OhridNews