Во рамки на проектот “Ракотворбите од бабиното ковчеџе” на Женски центар “Бисера”, утре со почеток во 10 часот во хотел Ривиера ќе се одржи едукативната работилница “Културната ризница- историја на душата”.

Ќе учествуваат жени од Охрид и околината кои ќе имаат можност од присутните едукатори да научат како да везат и плетат и создаваат рачно изработени ракотворби.

Проектот е одобрен и финансиран од Секторот за локален економски развој и туризам при општина Охрид и ќе се реализира во наредните неколку месеци.

Целта е, велат од ЖЦ “Бисера”, преку неговата реализција да се сочува културното богатство- рачно изработените носии, плетени и ткаени ракотворби кои во минатото ги изработувале охридските жени.

OhridNews