Првото новороденче во Струга е девојче. Мајката која е од Мислешево на свет го донесе бебето утринава во 7 часот и 20 минути.
Бебето е тешко 4.200 грама, а породувањето беше спонтано. И мајката и бебето се во добра здравствена состојба, информира директорот на Општата болница во Струга, Владимир Бунчески.
За мајката ова е трета рожба.
Инаку, вчера во Охрид во првиот ден од 2026 година на свет беа донесени три девојчиња, а и првото бебе родено на Скопската клиника беше девојче.
OhridNews











