Безживотно тело на жена е пронајдено денеска во 12 30 на ул „Маршал Тито“ во Кичево, информираат од СВР Охрид. Телото во објект на болница во изградба обраснат со висока трева го пронашла полицијата по претходна пријава за исчезнато лице.

Во тек е увид кој го вршат истражен судија и јавен обвнител до Основниот суд во Гостивар. Во текот на денешниот ден ќе биде извршена обдукција, со цел да се утврдат идентитетот и причините за смртта на починатата.

OhridNews