Бурна расправа се води во тениските кругови после изјавата на директорот на АТП турнирот во Индијан Велс, Рајмонд Мур дека женските тенисерки треба секоја вечер да се молат на Рожер Федерер и Рафаел Надал кои го заживеаја и популаризираа „белиот спорт“.
На кратко, теоријата на Мур вели дека женскиот тенис години наназад се „шлепа“ на машкиот кој може да се вброи меѓу најпопуларните спортови во светот.
Свој коментар на оваа тема даде и рекетот број еден Новак Ѓоковиќ, кој изјави. – Жените се бореа за ова што го имаат денеска. Исто треба да го правиме и ние односно нашиот врв од АТП здружението.
Американскиот гренд слем турнир има најголем фонд од 56 милиони долари, а го делат исто машките и женските. Од гренд слем турнирите потоа следуваат Вимблдон со буџет од 51 милиони, Ролан Гарос со 42 и Австралија Опен со 41 милион долари.
OhridNews