Женскиот тенис во името на Симона Халеп има нова кралица. Романката на најновата ВТА ранг листа која ќе излезе на 9-ти овој месец ќе биде првопласирана пред останатите конкурентки.
Халеп на првата позиција на ВТА листата се искачи после победата над Јелена Остапенко во два сетови (6-2, 6-4) во 1/2 финале на мастерс турнирот во Пекинг.
26-годишната тенисерка во финалето против Каролина Гарсија ќе има можност да додаде уште некој поен на своето конто.
Романката инаку е 25-та тенисерка која во историјата дошла до позицијата број еден на ВТА листата.
OhridNews