Откако во јануари оваа година добил руски пасош, францускиот актер Жерар Депардје се регистрирал во таа земја како индивидуален стопанственик и има намера да отвори кафуле во автономната република Мордовија, 50 километри источно од Москва.

Веста ја обелоденил директорот на руската фондација за кинематографија, Николај Бородачев, воедно и пријател на Депардје. Популарниот актер неодамна најавил дека има желба да отвори кафуле во тој регион, кој е познат по бројните кампови.