
Во изборниот штаб на Жерновски во Центар се слави победата.
– На 29-те избирачки места на кои се прегласуваше во општина Центар на претходното гласање победивме со 1.500 гласа разлика, а сега со 3.000 гласа. Со оваа победа се руши митот за непобедливост на ВМРО-ДПМНЕ и таа е само предвесник за нивниот пораз што ќе следи на предвремените парламентарни избори, изјави Жерновски, пренесува „Телма“.
					



							






