
-Ова е лудило кое што продолжува. Опозицијата ниту власта не треба да биде зачудена од тоа што се случува, домашната јавност и меѓународната јавност уште повеќе, одамна го окарактеризира Груевски како еден тоталитарист. Треба со ладни глави да се одговори на сето ова, но јасно е дека режимот ги покажува своите вистински намери.-рече во изјава за медиумите Жерновски
Жерновски истакна дека јасен му бил мотивот на приведување на Верушевски и зошто целата акција го носи името „Пуч“.
Во моментов во Скопје заседава највисокото партиско раководство на СДСМ која се уште го нема соопштено официјалниот став во врска со случајот.
OhridNews











