Поранешниот фудбалер на „топчиите“ Жервињо распали со огнени стрели по францускиот стратег на клупата од Арсенал, Арсен Венгер. Членот на Рома го нападна менаџерот за третманот, кој тој го имал во престојот на Емирати.
– Сонував да играм за тој клуб и кога ми се оствари немав можност да се докажам. Венгер не веруваше во мене и поради него од омилен клуб, Арсенал сега ми стана најомразен. Многу ми е жал што толку брзо го напуштив тимот, но морав среќата да си ја пробам на друго место – рече репрезентативецот на Брегот на слоновата коска.
Англискиот премиерлигаш Жервињо го засили од Лил во 2011 година, а за две сезони црномуристиот фудбалер постигна само девет погодоци.
– Ситуацијата во Рома е многу поинаква. Тренерот зборува со сите и сака на секој да му помогне. Тој не прави разлика меѓу фудбалерите кои играат и не играат затоа сум среќен во Рим – додаде Жервињо.
Мх.П.