Менаџерот на „граѓаните“, Мануел Пелегрини ги изостави капитенот Винсент Компани на дуелот со Лестер минатата недела, а на англиските медиуми им требаше малку повеќе време да научат што точно се случило.


Компани и Фернандињо на дуелот со Ливерпул на „Енфилд“ имале жестока и гласна расправија и благодарение на соиграчите не настанал поголем инцидент.

Пелегрини, за виновник го посочил капитенот и затоа мечот го започна од клупата, пак Фернандињо не бил воопшто во составот за дуелот со „лисиците“ на „Етихад“.

Бодовите им припаднаа на домаќините победувајќи со 2-0, но сепак не било се така сјајно на „Етихад“ по поразот во дербито од Ливерпул.

Мх.П.