Иако календарски летото сеуште не пристигнало, вчерашните високи температури беа доволна причина капачите да ги запоседнат плажите. Дел од нив се решија за рекреација на градскиот кеј. Откако добро се испекоа на бетонот под жешкото сонце, се разладуваа во езерските води користејќи ја новата пластична платформа  во близина на шеталиштето.



Според Управата за хидрометеоролошки работи, денес ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд и град.

Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 24 степени Целзиусови.

OhridNews