Шест навивачи на хрватската фудбалска репрезентација се уапсени во Малта откако се степаа со обезбедувањето во ноќен клуб. Обезбедувањето во ноќниот клуб по националност биле срби, а инцидентот избил откако хрватите искршиле дел од инвентарот.

Хрватската федерација се огради од немилите сцени на навивачите кои самоволно допатувале во Малта да ја бодрат селекцијата во последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство во Франција.

Ohridnews