Дефанзивецот на Бешикташ, Душко Тошиќ и напаѓачот на Фенербахче, Робин ван Перси казнети се за инцидентот кој се случи меѓу нив во Купот на Турција.


Подебелиот крај го извлече членот на Бешикташ кој ќе паузира четири мечеви и ќе мора да плати 20 000 евра за недолично спортско однесување, додека Ван Перси ќе прескокне три натпревари и ќе биде олеснет за 5 000 евра.


Тошиќ казнет е три натпревари за ударот без топка, а еден поради негодувањето после црвениот картон. Ван Перси заработи три мечеви за провоцирањето, иницирањето на инцидент и неспортско однесување при прославувањето на голот кој го реши победникот.

Ван Перси главен лик во жешкото дерби во Турција (видео)

OhridNews