Европската фудбалска федерација (УЕФА) ја објави листата на која се имињата на десет фудбалери кои влегоа во конкуренција за најдобар играч во Европа.
Меѓу кандидатите за најдобар играч на Стариот континент се наоѓаат четворица фудбалери на Баерн Минхен (Германците Лам, Милер, Нојер и Холанѓанецот Робен), двајца играчи на европскиот првак Реал Мадрид, Португалецот Кристијано Роналдо и Аргентинецот Анхел ди Марија, новиот играч на Челзи – Бразилец до шпански пасош Диего Коста, Колумбиецот од Монако, Хамес Родригес, екс играчот на Ливерпул – Луис Суарес и неговиот нов соиграч во Барселона – Лео Меси.
УЕФА ја скрати листата на кандидати на десет фудбалери по гласањето на новинарите од секоја земја која е членка на Европската фудбалска федерација.
Листата од десет ќе биде скратена на три имиња на 14-ти август, а наградата за најдобар играч во Европа ќе биде доделена на 28-ми август во Монако.
УЕФА оваа награда ја воведе во 2011 година, а досегашни добитници се Лионел Меси (2011), Андрес Иниеста (2012) и Франк Риобери (2013).